Спартак го наполни голот на Кузман Вардар, стигна до 51 погодок

Ракометарките на Спартак имаа одлично издание на дуелот против Кузман Вардар и ја добија оваа пресметка со 51:26 после 60 минути во кои главно нападот беше во предност и на двете страни.

Спартак рано го реши овој дуел. После 1:0 дојде до единственото израмнување на средбата на 1:1, па следуваше 5:0 за домашниот состав со што веќе беше направена убава предност која потоа можеше само да се зголемува.

Водството растеше постојано како одминуваше времето така што до крајот на полувремето се стигна до 12 гола разлика за на одмор да се замине со 25:13.

Продолжението од натпреварот донесе само ново зголемување на разликата. Составот на Спартак имаше целосна контрола, па прашањето кое остана беше со колку гола ќе заврши составот на Спартак и која ќе биде разликата на крајот од натпреварот.

Ова беше убедлив триумф со разлика од 25 гола и конечни 51:26 така што на крајот од средбата бодовите останаа за домашниот состав кој  и оваа средба ја одигра со девет ракометарки против 12 на противникот.

СПАРТАК – КУЗМАН ВАРДАР    51:26 (25:13)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

СПАРТАК: Смарџиоска, Коларовска 15, Петковска 1, Василева 10, Божиновска, Гроздановска 6, Ива Кимовска 4, Ивона Кимовска 2, Георгиевска 13

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.

КУЗМАН ВАРДАР: Петровска, В. Ангеловска, Додевска 1, М. Буразер, Симоновска, Јовевска 9, Ангеловска 2, Стојчевска 4, А. Буразер, Петковска, Ј. Ангеловска 10, Милевска.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167