Спартак ги започна подготовките за пролетниот дел – посакува што подобар пласман во Женската лига

Спартак Кисела Вода амбициозно ги започна подготовките за преостанатиот дел од сезоната во кој ќе атакува на што подобар пласман.

Екипата предводена од Велимир Мицевски ќе се обиде да го поправи впечатокот од есенскиот дел во Женската лига и да се покаже во подобро светло.

„Ги стартувавме подготовките и тренираме два пат на ден. Преговараме со неколку квалитетни ракометарки. Есенскиот дел го завршивме на осмото место иако екипата заслужува повисок пласман и за тоа ќе се бориме во преостанатиот дел од сезоната. Условите во клубот се на повисоко ниво со доаѓањето на нашиот нов спонзор Сетек, а со тоа и амбициите на клубот ќе бидат многу повисоки. Планираме да одиграме и неколку пријателски натпревари”, вели Мицевски за 24 Ракомет.

Спартак има биланс од 5 победи и 7 порази, моментално е на осмата позиција во Женската лига. Подготовките се одвиваат во салата при ОУ „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода.