Со Кометал ЃП стана европски шампион, сега почнува тренерска кариера (ФОТО)

Некогашната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, како и поранешна руска и македонска репрезентативка – Олга Бујанова, ќе има нов предизвик во продолжение од сезоната.

Таа ќе биде асистент тренер во тимот на Динамо Синара на главниот тренер Љубов Сидоричева, информира реномираниот рускиот портал „Брз Центар“.

„Во последните две сезони се занимавав со статистиката на играчи и го запознавав тимот. Ги гледав перформансите на ракометарките. Оваа понуда за мене дојде неочекувано, но ми причинува задоволство. Сакам да им се заблагодарам на челниците на клубот за довербата. Ќе се обидам да ја оправдам довербата“, изјави Бујанова за „Брз Центар“.

Бујанова ја освои европската титула со Кометал ЃП, потоа се врати во Русија, играше токму за нејзиниот матичен клуб, кој своевремено се викаше АКВА Волгоград, а сега таму ќе гради тренерска кариера.