Собираат донации преку интернет за да настапат во ЕХФ купот

Женскиот клуб Кавалиери од Малта интензивно се подготвува за настап во ЕХФ купот, но се соочува со финанскиски проблеми па за таа цел побара помош од поддржувачите.

Клубот бара финансиска помош од своите навивачи, симпатизери, љубители на ракометот и членовите на клубот како би овозможиле Кавалиери да ја претсвавува Малта во едно од најдобрите европски натпреварувања.

На веб сајтот gogetfunding.com е отворена кампања за донации каде што секој може да придонесе да се соберат потребните средства за настап во ЕХФ купот. До сега од поставената цел од 1.200 евра се собрани 1.130 односно 94% што е на чекор од потребните средства.

Првиот натрепвар на Кавалиери во 3 коло од ЕХФ купот е на 20 ноември на домашен терен, а противник ќе им биде грчкиот претставник ПАОК, каде што играат двете македонски репрезентативки Дајана Јовановска и Марија Николиќ.