Службените лица со нов КОДЕКС: Јавно коментирање само со одобрение на РФМ – поздравување само со членови на екипите

Забрането е поздравување со лица кои не се членови на екипите или официјални претставници на клубовите. Службените лица за кршење на одредбите од Кодексот може да бидат казнети со одлука од Дисциплинскатта комисија или избришани од листата на службени лица.

Од оваа сезона сите службени лица на Ракометната федерација на Македонија за сите прашања поврзани со ракометот, натпреварите и федерацијата ќе можат да ги коментираат во јавност само со писмено одобрение на канцеларијата на РФМ. Ова се дел од новините за службените лица (судии, делегати-контролори, записничари и мерачи на време) кои ги добиле, а се однесуваат за новата ракометна сезона.

Прекршувањето на кодексот што го донел Управниот одбор на РФМ уште на 4 јуни ќе повлече и казни според Дисциплинскио тправилник на РФМ.

Забрането е клеветење, омаловажување или ширење невистини за било кој друг член или орган на ракометната организација.

Кодексот предвидува дека сите службени лица несмејат да ја извршуваат својата функција надвор од националните граници (турнири, ревијални натпревари, пријателски натпревари итн.) без претходна најава и добивање писмена согласност од канцеларијата на РФМ.

Службените лица што ќе бидат делегирани, на денот на одигрување на натпреварите не смеат да конзумираат алкохол.

На службените лица им е забрането поздравување со лица кои не се членови на екипите или официјални претставници на клубовите. При поздравувањето треба да бидат одмерени и дискретни.

Службените лица во однос на прашања поврзани за ракометниот спорт, натпреварите и федерацијата во јавност и во медиуми, преку друштвени мрежи итн, можат да се огласат само со претходно писмено одобрување од канцеларијата на РФМ. Огласувањето без согласност, поведува санкции одредени со Дисциплински правилник на РФМ.

На службените лица не им е дозволено да бидат гости на екипите во лигата во која ги обавуваат своите должности за времетраење на должностите.