Словенците тајно го сменија Вујовиќ?!

Највисокото раководство на Словенечката ракометна федерација денеска одржа итен состанок, на кој се дискутирало за смена на селекторот Веселин Вујовиќ по неговиот вербален испад  на тајм-аут, кога му се обрати на словенечкиот интернационалец Алекс Влах.

Словенечките медиуми пишуваат дека состанокот бил итен, но немало информации за одлуките што биле донесени, ниту пак за точките од дневен ред за кои се дискутирало.

„Немам коментар. Дискутиравме за состојбата во машкиот и женскиот ракомет. Мораме да зборуваме  за некои работи зад затворени врати“, изјави претсетаделот на федерацијата, Фрањо Бобинац.

Сепак јасно е дека главната точка била смената на Вујовиќ од кормилото на Словенија и гласање за тоа дали тој да остане селектор. Словенија ја очекува настап на ЕП во јануари и малку е незгоден период за менување предводник, но можно е да се случи тоа, со оглед на многуте критики кои ги доби Вујо.

Според информациите на словенечките медиуми, Вујовиќ ја загубил довербата и во соблекувалната, а некои играчи најавиле дека доколку нема промена на селекторот, нема да играат на континенталниот собир.

Потегот на Вујо го осудија Бобмач, Лука и Миха Жвижеј, поранешниот асистент на Црногорецот – Урош Сербек, како и тренерите Алеш Пајовиќ, Зоран Јовичиќ и Бојан Котар, а и претседателот на Словенечката федерација, Бобинац, кој му „додели“ жолт картон.