Словенечкиот првак шокиран дома – Тримо Требње се радуваше среде Целје!

Словенечкиот првак Целје имаше лоша увертира во новата сезона, откако го загуби дерби мечот од првото коло во домашното првенство.

Избраниците на Алем Тоскиќ беа поразени од Тримо Требње со 29-25, откако и по првите триесетина минути водеа со 15-11.

Сташ Слатинек Јовичиќ имаше најдобро издание кај Тримо со седум гола, додека Вид Миклавец даде пет.

Голманот Алјоша Чудиќ имаше 11 одбрани и беше меѓу најзаслужните што тимот на Урош Зорман се враќа во Требње со полн плен од Целје.

Кај Целје, по пет погодоци даде Тим Цокан и Митја Јајнц, а целјани ќе мора што побрзо да го заборават овој меч, бидејќи ги чека натпревар од Лигата на шампионите против данскиот ГОГ Гудме.