Словаци ќе делат правда во битолскиот пекол на мечот Еурофарм Пелистер – Нексе

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за реванш средбите од осминафиналето во Лигата на Европа.

На дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се делегирани судии од Словачка – Михал Бадура и Јарослав Ондогречула.

Делегат на мечот во „Боро Чурлевски“ ќе биде Јован Попадиќ од Србија.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе се игра во вторник со почеток во 18:45 часот, а битолчани ќе бркаат негатива од три гола по поразот во Хрватска со 29-26.

Сите билети за овој натпревар се распродадени, па Нексе го очекува пекол во „Боро Чурлевски“.