СКАНДАЛОЗНО: Имаше два смртни случаи во два дена, не можеше да игра – а од клубот најавија казна!

Во Премиер лигата за жени во Босна и Херцеговина екипата на Груде и нанесе катастрофален пораз на екипата на Јединство со 50:19. Со оваа победа Груде е есенски првак, а Јединство е на последната позиција. Претседателот на Јединство изјави дека на ова гостување била без три многу важни ракометарки.

„Амила Дервишбеговиќ оправдано изостана, но не и Дамјана Бошњак и Данијела Павичевиќ кои ќе бидата санкционирани“, изјави Миленко Тадиќ.

Тој не појасни зошто двете ракометарки не биле на натпреварот, а Бошњак ја кажа својата верзија и објасни зошто не била во екипата.

„За санкциите слушнав од новинарите, имав два смртни случаи во два дена. Сето тоа ме потресе, болна сум и не можам да дишам. Не бев во состојба да тренирам и тренерот Даниел Сабљиќ знаеше во каква состојба сум. Ми рече да не одам на натпреварот доколку не се чувствувам добро“, рече Бошњак.

Втората ракометарка за која е најавена казна сеуште не е запознаена зошто ќе биде казнета и дека доколку играла поразот сепак не би можел да се избегне. За казната на двете ракометарки во клубот ќе се одлучува во наредните денови.