Сите го видоа во САД, а тој потпиша за третолигаш во Франција (ФОТО)

Корпулентниот пивот од Конго, Готје Мвумби, кој беше виден како кариерата ја продолжува во САД, сепак, се одлучи да остане во Франција и да ја продолжи кариерата.

Мвумби оди во третолигашот Пужон Венде и ќе може да продолжи со кариерата без да ја менува државата.

„Многу сум среќен што се приклучивна овој клуб. Можам да го најавам моето потпишување за тимот на Пужон Венде“, напиша Мвумби на својот профил на Инстаграм.

Пивотот од Конго го привлече вниманието на јавноста за време на Мундијалот во Египет во јануари и најави интересна кариера.

Сепак, очигледно е дека ќе продолжи со игрите во ниските лиги во Франција.