Драма во Куманово, Голден Арт во последната минута обезбеди триумф

Ракометарите на Голден Арт остварија тешка победа на гостувањето во Куманово откако со голови во последната минута победија со 26:28 во натпревар од 18. коло од групата Б во Првата лига.

Во почетните петнесетина минути најчесто се играше гол за гол без поголемо водство на екипите. Првата посеризна предност ја направи Голден Арт со серија од три гола и во 19. минута водеше 7:11. До паузата Куманово успеа да намали и на полувреме беше 13:14.

Во поголемиот дел од продолжението Куманово бркаше негатива, гостите сигурно одржуваа водство и се до завршницата. Домаќините со добра серија стигнаа до израмнување на 26:26, сепак во завршницата немаа сили за пресврт. Илиев донесе прендост од пенал, а потао во контра победата ја потврди Стојановски.

Во домашниот тим на Куманово најзабележителен беше Виктор Петковски кој постигна десет погодоци, додека во тимот на Голден Арт најефикасно со осум, односно седум гола беа Ивица Илиев и Зоран Стојановски. И покрај поразот Куманово ќе игра во плеј-офот.