Сигурна победа на Ѓорче Петров против Деспина

Ѓорче Петров останува на делба на првото место во женската лига, откако на домашен терен ја победи Деспина со 29-22, во 5. коло од плејофот. Ѓорчепетровки имаат 17 бода, исто колку и Куманово.

Победникот на средбата одиграна во Скопје беше решен во првото полувреме кога Ѓорче Петров имаше водство од 18-7. Натпреварот беше изедначен само во почетните пет минути во кои резултатот беше 2:2 за Ѓорче два пати погодуваше Милица Николиќ, а на спротивната страна возвраќаа Цветковска Сања и Ангела Камчевска. Потоа следуваа две добри гол серии на домаќинот, прво од 3:0, па од 8:0 со што практично го решија прашањето на победникот. На пауза се замина со високи 18:7 во корист на Ѓорче.

Почетокот на вториот дел помина во темпо слично на првото домаќините сигурно ја одржуваа предноста која во некои моменти изнесуваше и над десет разлика. Во последните 15-тина минути ракометарките ја имаа таа можност да дојде и до опуштање во нивните редови, па гостите колку-толку се изборија за пристоен пораз од седум разлика.

Најефикасни во редовите на победничката екипа беа Николиќ Милица со шест гола и Велкова Ања со пет. Елена Риплиоска се издвојуваше во редовите на Деспина со осум гола, по четири постигнаа Цветковска Сања и Камчевска Ангела.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124