Сестрите Бонавентура ќе бидат „главни“ на теренот на двобојот меѓу Македонија и Русија

Светската ракометна федерација ги делегираше судиите за натпреварите од второто коло од главната рунда на Мундијалот.

Натпреварот меѓу Македонија и Русија ќе го судат сестрите од Франција, Шарлот и Жули Бонавентура, кои веќе еднаш ни судеа на ова СП.

Делегат на овој натпревар ќе биде Австриецот Рајзигер. На претходниот дуел што ни го судеа Французинките загубивме од Египет со 38-19.

Натпреварот меѓу Македонија и Русија се игра денеска во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот.