Серафимов се запиша во историјата – Го постигна 2.000-тиот гол за Македонија на големите шампионати (ВИДЕО)

Десниот бек на Металург и играч кој беше капитен на кадетската селекција, Мартин Серафимов денеска го одигра својот прв натпревар на Мундијалот во Египет и имаше солиден настап.

Тој успеа да постигне два гола на дуелот против Словенија, а вториот ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет бидејќи тој беше вкупно 2.000 гол за Македонија на европските и на светските првенства во 77 натпревари кои што одигра нашата најдобра селекција заклучно со денешниот против Словенците.

После овој натпревар Македонија има вкупно 2005 гола, а речиси четвртина од нив се дело на капитенот Кирил Лазаров, кој, пак, на претходната средба против Чиле го надмина бројот од 300 гола само на Светските првенства.

Иднината е пред Мартин Серафимов и тој би требало да биде наследникот на Лазаров на десен бек. Дали ќе успее да ја повтори кариерата на Лазаров ќе покаже времето, а веќе има три гола на Мундијалите бидејќи првиот го постигна пред две години.