Серафимов: Секоја чест за Томовски, загубивме на наши грешки

Вардар славеше против Алкалоид со 31-22 во полуфиналето од завршниот турнир на Купот на Македонија и ќе го брани трофејот освоен лани.

Дебитантот на Ф4 имаше многу промашени ситуации на овој дуел, а најдобриот стрелец Мартин Серафимов вели дека мечот го завршија на нивни грешки.

„Натпреварот го загубивме на наши грешки, многу промашени зицери и чисти ситуации, игравме добро во одбрана, а доколку во нападот имавме малку повеќе концентрација, натпреварот ќе имаше друг исход. Ние бевме подготвени за Вардар, но секоја чест за Томовски, а ние многу промашивме“, изјави Серафимов.

Во финалето на завршниот турнир ќе се сретнат Вардар и Еурофарм Пелистер в сабота од 18:00 часот.