Сениорите пристигнаа во Букурешт, утре на мегдан на Алжир

Машката сениорска репрезентација на Македонија пристигна во романската престолнина Букурешт, каде утре и задутре ќе биде дел од турнирот „Трофеј Карпати“.

По долгиот пат од Србија до Романија, нашите репрезентативци ќе имаат малку време за одмор, бидејќи утре ќе играат во пладневниот термин.

Брестовац ќе смета на сите 20 ракометари кои се дел од подготовките во оваа фаза, а во зависност од резултат против Алжир, в недела ќе одиграат уште еден меч против Романија или Холандија.

Сите што имаа проблеми со поситни повреди, ќе бидат подготвени за настап, а натпреварот меѓу Алжир и Македонија се игра утре од 15:00 часот.