Селекторот на Македонија се појави на прозивката во Нант (ФОТО)

Капитенот на сениорската репрезентација на Македонија и селектор на сите машки селекции, Кирил Лазаров се појави на прозивката во тимот на Нант со кој тргнува во новата сезона која би требала да биде последна во неговата кариера како играч.

Лазаров во моментов ги води подготовките на кадетската репрезентација на Македонија која се подготвува за ЕХФ шампионатот на кој сме домаќини од 9 до 15 август.

Сепак, во меѓувреме морапе да се јави и на клупските обврски и да почне со подготовките со тимот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HBC Nantes (@hbcnantes)

Веројатно таа недела ќе биде во Скопје за да ги предводи кадетите во битката за првото место и пласман на Македонија каде што и е местото меѓу најдобрите 16 селекции на големите натпреварувања во кадетска и младинска конкуренција.