Секој сака триумф, но двајцата тренери на еден натпревар не можат да победат

Тимот на Еурофарм Пелистер во новата сезона продолжува со Жељко Бабиќ кој ќе има нов предизвик и нов обид да го симне Вардар од тронот во Македонија.

Тој има интересно размислување кога се во прашање тренерите и смета дека секој ја посакува победата на натпреварите и на крајот од сезоната, но не можат сите да се радуваат туку само еден.

„Би било убаво да победиш, да бидеш горд на работата, но така размислува и другиот тренер. Не може двата тренери да победат. И едниот и другиот имаат желба. Уверен сум дека нашето его е поголемо од луѓето што нè плаќаат и нè следат, навивачите и новинарите. Никој не сака повеќе да победи отколку тренерот. Тоа нè убива и нè тера да бидеме подобри тренери. Не е едноставно кога тренерот губи. Спортот е составен од подеми и падови. Сите сакаме да победиме, но животот не е само победа. За мене победа и што денеска имавме одличен тренинг. На навивачите не им значи ништо, но мене да. Без тој процес, тие тренинзи.. можеш да веруваш, дека може да донесеш трофеи“, вели Бабиќ во интервјуто за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение.

Бабиќ за 24Ракомет ТВ: Важно е да се презентираме добро во Европа – тоа носи играчи (ВИДЕО)