Сара Ристовска и ЦСКА Москва станаа шампиони на Русија!

Тимот на ЦСКА Москва, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, ја освои првата титула во клупската историја.

Иако не беше фаворит во споредба со Ростов Дон, сепак залихата од првиот меч во Москва од седум гола, 30-23, беше доволна.

Пред преполни трибини, Ростов славеше со 29-26, но и покрај тоа титулата патува за руската престолнина.

Ристовска поради повреда не беше во ростерот на ЦСКА Москва, но одигра одлична сезона во рускиот клуб и заслужено се радува на титула.