Саздовска броеше до 11, Слатина го доби македонскиот двобој во Романија

Тимот на Слатина, каде што играат двете македонски репрезентативки – Јована Саздовска и Јована Мицевска, славеше на последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

Слатина ја победи Униреа Слобозиа, каде што игра уште една македонска репрезентативка Сања Дабевска, со 43-25.

Најдобар стрелец на теренот во двете екипи беше левото крило Јована Саздовска, која дури 11 пати се запиша во листата на стрелци.

Втората лига во Романија почнува следниот викенд, а Слатина и Униреа на македонското трио е во истата група А, па ќе има најмалку уште две „мак пресметки“ оваа сезона.