Сагосен и Вајнхолд во карантин, позитивни на Ковид 19

Двајца клучни ракометари на Кил, Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд нема да можат да му помогнат на тимот на дуелот против Пик Сегед поради позитивни тестови со Ковид 19.

Кил е следен противник на Вардар и гостува во Скопје следната среда така што оваа ситуација е интересна бидејќи ќе треба да се следи и да се види дали тие ќе можат да играат и против Вардар бидејќи се веќе во изолација.

Тие не играа и против Лемго пред два дена така што најверојатно ќе го пропуштат и дуелот против Магдебург следниот викенд. Утре натпреварот против Пик Сегед се игра од 18:45 и Кил ќе биде доста ослабен без нив.

Доколку добијат негативни тестови пред дуелот против Вардар тогаш ќе биде во прашање и нивната форма поради паузата од тренинзи која ќе ја имаат пред гостувањето во Скопје.