Савевски го призна поразот: Германија беше перфектна, немавме решение за нивната одбрана!

Македонските кадетки загубија од Германија со 34-21 и утре ќе играат против Хрватска за пласман на 11 место на СП.

Селекторот Љубомир Савевски призна дека ракометарките на противничката селекција беа перфектни.

„Германија беше перфектна. Немавме решение за нивната одбрана. Во текот на мечот имавме проблеми бидејќи ја загубивме Велкова поради повреда. На крајот, подобриот тим го доби мечот. Честитки за Германија. Имавме многу силни ривали во оваа фаза како Шведска, Исланд и Германија. Се надевам дека на вакви натпревари девојките ќе добијат искуство и се надевам на подобри натпревари во иднин“, изјави Савевски.

Следен и последен ривал на Македонија на Мундијалот во Скопје ќе биде селекцијата на Хрватска утре од 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.