Русите најдоа замена за некогашниот член на Вардар и Металург

Селекторот на машката репрезентација на Русија, Велимир Петковиќ, повика нов играч во националниот тим, пишува „Брз Центар“.

Средниот бек на францускиот Шарт, Сергеј Кудинов, ќе го пополни местото на некогашниот ракометар на Вардар и Металург – Павел Атман, кој се повреди на првенствен натпревар пред стартот на подготовките.

Кудинов последен пат беше дел од репрезентацијата во 2015 година, кога настапи на СП во Катар под водство на Олег Кулешов.

Потоа селектори беа Торгованов и Кокшаров, но ниту еден од нив не сметаше на услугите на Кудинов.

Сега членот на Шарт ќе му прави друштво на Дмитри Житников на средната бековска позиција во репрезентацијата.

Русија на СП е во група со Белорусија, Јужна Кореја и Словенија.