„Романците ќе добијат многу со Паски – исто како Македонија што доби со Лино Червар и Раул Гонзалес“

Македонија прави смена на генерацијата и се обидува да се задржи на светската ракометна сцена со постојано играње во баражите за големите натпреварувања.

Нашиот утрешен ривал Романија се обидува да се врати на ракометната мапа од каде ја нема со децении. Дуелот меѓу Македонија и Романија е закажан за утревечер од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ како прв од двата дуели од првата фаза од квалификациите за СП 2023 година.

Со ангажирањето на Чави Пасквал, поранешниот шпански тренер на Барселона, Романците се надеваат на подигање на ракометот на репрезентативно ниво, но и на клупски план. Тој истоврмено е тренер на Динамо Букурешт. Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров добро го познава Пасквал и знае дека тој е донесен да направи ракометна ренесанса во Романија. Нешто слично како што тоа се случи во Македонија со некои други тренери пред повеќе години.

„Паски го почитувам многу, знам што работи. Тој беше 12 години во Барселона, не ја доби таа работа бидејќи има убави очи. Романскиот ракомет ќе добие многу со Паски, исто како што Македонија доби со Лино Червар, па и со Раул Гонзалес, смета Лазаров.

Нашиот селектор кој веројатно ги игра последните натпревари во националниот тим смета дека има решение за Романците, и е благодарен што поискусните како Миркуловски и Стоилов се се уште тука и им помагаат на помладите.

Рзговорот со Лазаров можете да го прочитате тука.

Лазаров: Имаме решение за Романците