Романците плачат по поразот: Да им покажеме на Македонците…

Селекцијата на Романија загуби во Скопје со 30-22 од Македонија и сега има тешка задача пред себе на реваншот во Букурешт.

Од Романската ракометна федерација на социјалните мрежи реагираа на навивањето на македонската публика.

„Во Македонија загубивме од борбен тим и публика, која за жал не почитува фер-плеј. Затоа на 19 март во салата на Динамо, можеме да им покажеме што значи да го поддржуваш омилениот тим без исвиркување. Со полна сала, нашиот национален тим ќе има повеќе шанси“, напишаа од Романската федерација.

Реваншот меѓу Романија и Македонија ќе се одигра на 19 март на 17:00 часот во Букурешт.