Ристовски: Убаво е кога старите пријатели пак ќе се соберат

Македонската репрезентација составена од актуелната генерација славеше против ветераните кои порано го носеа дресот со националниот грб.

Голманот Борко Ристовски кој го бранеше голот на Македонија на повеќе од 200 натпревари вели дека секогаш е убаво кога ќе се соберат стари пријатели.

„Одиграв повеќе од 200 натпревари за Македонија. Доживеав многу добри и не толку добри моменти. Но секогаш е убаво кога старите пријатели ќе се соберат на едно место и ќе ѝ дадат поддршка на сегашната генерација. Посакувам уште многу вакви собири“, изјави Ристовски.

Тој се уште е активен на ракометните терени и откако го заврши ангажманот во бундеслигашот Лемго се врати на голот на Вардар.