Репрезентативец на Црна Гора го засилува Металург

После неколкуте заминувања во екипата на Металург конечно информација и за ангажирање на засилување, а се работи за 22-годишниот ракометар од Црна Гора, Василије Калуѓеровиќ.

Се работи за играч кој веќе е дел од репрезентацијата на Црна Гора, а доаѓа од тимот каде што работи и селекторот на оваа земја, Зоран Рогановиќ. Калуѓеровиќ доаѓа во Металург од оставот на Гуиф и би требало да ги засили бековските позиции кои се проблематични.

Тој игра како лев и среден бек и би требало да биде освежување за екипата во битката во плеј-офот.

Пред да се пресели во редовите на Гуиф тој го носеше дресот на тимот на Извиѓач, а со Металург потпиша договор на година и пол. Со оглед на тоа што нема настапи во европските купови тој би требало да има право за настап и во Лигата на Европа.