Раул го носи ПСЖ на подготовки во Јапонија!

Не е невообичаено за фудбалски клубови да минат подготовки на други континенти, но ретки се случаите со ракометни тимови.

По искуството во Катар, ова лето францускиот шампион ПСЖ ќе мине дел од подготовките за претстојната сезона во Јапонија.

Тимот на Раул Гонзалес ќе биде една недела на подготовки во Токио, од 26 јули до 3 август и ќе одигра две пријателски средби, од кои една со селекцијата на Јапонија.

Потоа ПСЖ ќе патува во Германија, каде ќе игра со Вецлар на Кузмановски и Миркуловски, со Гумберсбах, пред да се врати дома и да одигра уште една средба со Иври.

Официјалниот старт на сезоната е на 29 август со куп натпревар против Фронтињан, а на 2 септември е Супер куп натпреварот со Нант.