Ракометар на Тиквеш: Разликата во македонскиот и српскиот ракомет ја прават финансиите и странците

Ракометарот на Тиквеш Страхиња Симиќ во интервју за српските медиуми зборуваше на различни теми, а една од темите беше и ракометот во Македонија.

За Симиќ ракометот е спорт број 1 во Македонија, за разлика од Србија каде што смета дека не е такво ниво.

„Македонците живеат за ракомет, без дилеми, таму тоа е број 1 спорт. Салите се редовно полни и медиумски е добро испратен. Разликата во однос на нашата лига ја прават финансиите и странските играчи“.

Според него Македонците и Шумадинците се многу слични.

„Навистина сме многу слични, гостопримливи се и многу срдечни се чувствувам како дома“, изјави Симиќ.

Во кариерата Симиќ покрај Тиквеш настапувшае уште за клубот од неговото родно место Раднички Крагуевац.