Раководството на Веспрем на гости во Охрид, ќе има македонско-унгарска соработка (ФОТО)

Денеска во Охрид, на гости беа дел од раководните луѓе на најтрофејниот унгарски клуб Веспрем.

Директорот на Веспрем, Золтан Чик, еден од главните спонзори на тимот Силард Шмит и Ервин Сел беа на прием кај градоначалникот Кирил Пецаков.

Заедно со управата на охридскиот клуб разговараа за понатамошна соработка со гигантот од Унгарија.

Охрид во новата сезона ќе влезе со зголемени амбиции и за таа цел го врати на кормилото Горан Андоновски, а донесе уште 11 нови ракометари.