Работнички убедлив против Риниа

Ракометарите на Работнички остварија лесна и убедлива победа во Купот на Македонија против екипата на Риниа со 30:14.

Фаворитот на натпреварот многу рано ги реши сите дилеми околу победникот. Работнички уште на почетокот поведе со 8:2 и во продолжение го диктираше темпото и резултатот.

До крајот на првиот дел без многу труд ракометарите предводени од Петрушевски и Манасков обезбедија недостижна предност. На полувреме беше 15:7, а веднаш на почетокот на втроиот дел Риниа имаше двоцифрено заостанување.

Домаќинот на натпреварот немаше сили да пружи поголем отпор против поквалитетниот противник и на крајот забележа убедлив пораз. Раобрнички рутински го одработе натпреварот до крај за лесна победа и пласман понатаму во Купот.

Во победничкиот тим најефикасен беше Тоше Ончев со пет гола, додека по четирипати беа презицни Дука, Ќосевски и Јакимовски. Во екипата на Риниа најефикасен беше Масар Даити со четири гола.