ПСЖ слави нова победа, ГОГ не го издржа француското темпо

ПСЖ го совлада составот на ГОГ Гудме со 41-36 (16-16) во рамките на 7 коло од Лигата на шампионите. Пред домашна публика во Париз, ПСЖ во натпревар кој беше неизвесен само во првото полувреме, го совлада данскиот првак кој немаше сили за да го прати темпото на ПСЖ.

По изедначените први триесет минути, во клучните воведни моменти од второто полувреме не успеа да му парира на францускиот гигант.

Ракометарите на Гог одлично го отворија натпреварот и по седум минути игра веќе имаа три голови предност (1-4). Но парижаните не се предадоа и во средина на првиот дел ја преземаа иницијативата и предноста на овој дуел. ПСЖ имаше и два гола предност во првиот дел,но не успеа да ја задржи предноста, па по триесет одиграни минути резултатот беше 16-16.

На почетокот на второто полувреме продолжи неизвесноста, а ниту една од двете екипи немаше значајна предност. Прво ГОГ го врати водството, а потоа возвратија домаќините кои први создадоа четири гола предност по 9 минути игра (23-20), а во средина на првиот дел имаа и високи „плус пет“. Данците до 45 минута намалија само на „минус два“, но не успеаа да го издржат темпото.
До крајот на натпреварот ПСЖ создаде предност и од шест голови (39-33). Разлика со која двете екипи влегоа во последната минута.  Плантан го постигна последниот 41 гол за ПСЖ, а Мадсен возврати и со звукот на сирената ги постави конечните 41-36.