ПСЖ и Веспрем му даваа повеќе пари, но тој остана во Келце

Шампионот на Полска доби голема битка со ривалите од Франција и Унгарија, ПСЖ и Веспрем бидејќи потпиша договор со Алекс Душебаев до 2026 година.

Ова беше најавено уште пред некое време, но сега е веќе потврдено, а како се случило да дојде до договор објаснува првиот човек на клубот.

„Преговаравме долго со Алекс, можеби пет месеци. Меѓутоа не беше проблем висината на договорот, туку составот со кој ќе настапиме следната сезона. Со сегашната екипа ние сме во состојба ад се бориме за титулата во Лигата на шампионите. Алекс имаше сериозни понуди од веспрем и од ПСЖ. Ние не можевме да му дадеме пари како што му даваа тие, но Душебаев одлучи да остане кај нас и тоа е негова заслуга. Тој е најдобрио десен бек и може да избере каде сака да игра, но претпочиташе да игра кај нас“, вели претседателот на Келце, Бертус Сервас.

Душебаев дојде во тимот на Келце во 2017 година од Вардар и тоа после освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.