Пролет се откажа од настап на струшкиот турнир

На две недели до почетокот на струшкиот турнир еден од тимовите учесници се повлече од играњето, а станува збор за тимот на Пролет.

Причината поради која во Пролет се решија да се откажат од играњето е во ситуацијата со коронавирусот. Од клубот информираат дека не сакаат да ризикуваат. Тие подоцна ќе стартуваат со подготовките за новата сезона, па затоа планот се менува.

Со оглед на тоа што нема да се игра на турнирот во Струга останува да се одработат базичните подготовки во Маврово.

Инаку, Пролет во новата сезона влегува со две засилувања и тоа во ракометари кои зад себе имаат настапи за репрезентацијата на Македонија. Дејан Пецаковски играше и за сениорскиот состав, а во 2007 година го носеше дресот на Македонија на Светското првенство на кое бевме домаќини и го освоивме 10. место. Давор Палевски, пак, со своите колеги беше на 6. позиција на Мундијалот во Алжир во 2017 година.