Пролет почна со тренинзи, во новата сезона со две засилувања

И ракометарите на Пролет тргнаа со тренинзи за новата сезона, а Андон Бошковски денеска прозиваше во Скопје. Првиот тренинг беше на отвореното игралиште веднаш до салата „Македонско сонце“ каде што тимот на Пролет ги игра своите натпревари како домаќин.

Напрвата прозивка беа присутни и двете засилувања. Досега за Пролет потпишаа голманот Андреј Петковски и десниот бек Ѓорѓе Голубовиќ.

Минатата сезона тимот на Пролет ја финишираше на 3. позиција, а поголемиот дел од играчите кои лани беа дел од оваа екипа останаа и ја продолжија соработката со тимот. Си заминаа голманот Петар Ангелов, десниот бек Никола Потиќ и браќата Филип и Александар Василевски.

На почетокот тренинзите ќе се одработуваат во Скопје, а во план се и неколку контролни средби за проверка на формата. Инаку, Пролет во новата сезона ќе игра во Лигата на Европа, а статува уште во 1. квалификациско коло. Противник е тимот на Гранољерс од Шпанија, а како што е веќе познато двете средби се играат во Шпанија на 3 и 4 септември.