Проблеми за ривалот на Македонија – три позитивни случаи на корона кај Холандија!

Во составот на селекцијата на Холандија, вториот ривал на СП на Македонија, беше направени тестови на коронавирус пред пријателскиот натпревар со Франција.

Еден од ракометарите доби позитивен тест на корона, а тоа е Јорн Смитс, левиот бек на данскиот Лемвиг.

Тој прележал коронавирус пред две недели, па јасно е зошто одново има позитивен тест, а покрај него има уште тројца членови од стручниот штаб кои се позитивни.

Станува збор за асистентот на селекторот, Ваи Вонг, потоа физиотерапевтот Роберт Бардсе и тим-менаџерот Маике Вилемс.

Ниеден од нив нема симптоми, но ќе мора да бидат во изолација до следниот тест. Македонија и Холандија ќе играат во второто коло на СП, на 15 јануари од 18:00 часот.