Ракометарите на Прилеп лесно ја минаа првата пречка во Купот на Македонија и се пласираа во осминафиналето, откако славеа убедливо над прволигашот Металург РА со 36:22.
Домаќините, кои настапија со комбиниран состав, имаа контрола од самиот старт. Прилеп во воведниот дел поведе со 5:2 и како одминуваше времето растеше предноста во корист за домашниот табор.
Металург РА на моменти парираше, но немаше доволно сили за да направи евентуален пресврт и да го изненади суперлигашот. Прилеп победата ја обезбеди во првите 30 минути кога на полувреме замина со предност од 19:12.
Гостинот од Автокоманда немаше многу опции во нападот и се одеше преку расположениот Наумовски, кој создаваше најмногу проблеми на домаќините. Составот на Прилеп продолжи со исто темпо во вториот дел, ги казнуваше грешките на гостинот и лесно стигна до убедлива победа со која обезбеди пласман во осминафиналето во Купот на Македонија.
Најефикасен во победничката екипа беше Антонио Бурчевски со седум погодоци, додека по шест реализации имаа Христи Бикоски и Синиша Павлов. Во поразениот табор се истакна Дамјан Наумовски со десет погодоци.
Куп на Македонија, елиминации:
Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
Прилеп – Металург РА 36-22
10.дек 15:30 Голден Арт – Овче Поле
10.дек 16:00 Еурофарм Пелистер – Текстилец
10.дек 16:00 Радовиш – Преспа
10.дек 17:30 Младост Богданци – Охрид
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2