Признание за Тоше Ончев, номиниран за МВП на 4. коло во Словенија (ФОТО)

Интернационалецот од Македонија кој игра во тимот на Тримо Требње во Словенија, Тоше Ончев доби признание со вбројување меѓу ракометарите кои покажаа најмногу во 4. коло.

Тој е на листата на која може да се гласа заедно со Јост Јуричан (Ур. Лока),Сандро Мештрич (Рико Рибница), Емир Талетовиќ (Горење), Тиме Поклар (Копер), Мидхад Муратовиќ (Херц Шмартно) и Тилен Штрмљан (Целје).

Ончев дојде во тимот на Требње летово и покажа дека може да биде одлично засилување за овој клуб. Дојде од Работнички и со своите игри веќе се наметнува кај тренерот Урош Зорман.

За него можете да гласате на следниот ЛИНК.