Претседателот на РФМ, Муакетов славеше со ракометарите во соблекувална (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија стигна до победа од 33:29 против актуелниот светски првак, Данска, а ова беше голем ден бидејќи на дебито на новиот селектор Кирил Лазаров беше остварен неверојатен резултат.

На радувањето во соблекувалната им се приклучи и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов кој им честиташе за одличниот резултат направен денеска против селекцијата на Данска.

Полицискиот час ќе ја остави радоста само во соблекувалната и во хотелските соби, но јасно е дека овој резултат е неверојатен и дека Македонија може да се радува на големиот резултат.