Преспа падна во Струмица, Астраион на чекор до плеј-офот

Тимот на Астраион славеше против директниот конкурент за место во плеј-офот, Преспа, со 29-27, и стигна на чекор до разигрување за ранг погоре.

Ресенци отворија одлично и поведоа со 4-1, беше и 5-3, но до крајот на полувремето струмичани стигнаа до 9-9.

Во вториот дел Астраион се одлепи и на водство од пет гола, 18-13, но упорните гости намалија на минус еден, 19-18. Во продолжение се играше гол за гол, а домашните повторно имаа добар период и поведоа со 29-23.

Преспа до крајот на мечот успеа да постигне четири гола во серија и да намали на 29-27, но немаше време за нешто повеќе.

Најдобри стрелци во Астраион беа Марко Стојанов со осум гола и Христијан Ефтимов со седум, додека кај Преспа се истакна искусниот Шабединовски со осум погодоци.

Астраион сега има 15 бода на петтото место на табелата, додека Преспа останнува на шесто место со девет бода.