Прв интернационален предизвик – Даниел Ѓорѓески ќе го брани голот на унгарскиот Будакалас

Голманот на Металург, Даниел Ѓорѓески, од следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Тој потпиша договор на една сезона со унгарскиот клуб Будакалас што ќе стапи на сила од лето.

Тренер во Будакалас е поранешниот селектор на Унгарија, Иштван Чокнаи, а екипата се наоѓа на деветто место на табелата со шанси да избори место во европските купови.

Ѓорѓески имаше одлични партии во Лигата на Европа оваа сезона и го привлече вниманието на повеќе клубови.

Тој потекнува од Гостивар, беше член на Работнички, Вардар Јуниор, Вардар и Пелистер, а последните две сезони е во Автокоманда.