Прва машка лига: Дербито се игра во Прилеп, бодовите се повеќе од потребни

Во последното коло на домашна сцена за 2019 година се среќаваат тимовите од Групата 1 во Првата машка лига. Се работи за 16. коло во кое се очекува да падне одлука за уште некој од тимовите кои би се пласирале во плеј-офот во пролетниот дел.

Дерби средбата се игра во Прилеп, каде што истоимениот тим ќе се соочи со составот на Вардар Неготино. Ова ќе биде возбудлив дуел, а се работи за двобој меѓу екипите кои се на 2. и 3. место на табелата.

Оттаму ова ќе биде меч со неизвесност и никој не може да се пофали дека има предност пред средбата така што нијанси ќе решаваат околу бодовите.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

ДВОЈКИ ЗА 16. КОЛО

САБОТА, 21 ДЕКЕМВРИ

12:00ч

ТЕКСТИЛЕЦ – АСТРАИОН

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Судии: Александар Вукашиновски од Скопје и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

19:00ч

ПРИЛЕП – ВАРДАР НЕГОТИНО

Сала: „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

19:30ч

РК АЛУШОВСКИ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

Сала: „Форца“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски и Иван Јовановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

НЕДЕЛА, 22 ДЕКЕМВРИ

18:00ч

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МРК КУМАНОВО

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.

РИНИА М е слободна

ТАБЕЛА: 1. Астраион 34 бода (381:298, -1 меч); 2. Прилеп 30 (450:358, -1 меч); 3. Вардар Неготино 28 (407:375); 4. Јуниор Кисела Вода 25 (367:329, -1 меч); 5. Куманово 22 (395:349); 6. Македонија Ѓорче Петров 19 (390:412, -1 меч); 7. РК Алушовски 9 (398:411); 8. Риниа М 5 (373:511); 9. Текстилец 2 (337:455, -1 меч).