„Правиме стратегии, тактики, но сè паѓа во вода кога ќе дојдат патувањата, повредите…“

Секој тренер пред почетокот на сезоната прави стратегија како би било најдобро да се игра во новата сезона и како да се издржи напорот кој го носи календарот за натпревари во неколку различни натпреварувања. Сепак, не излага секогаш така како што се планира.

Новата сезона Ќе биде потешка и понапорна од претходната. Тимот на Еурофарм Пелистер исто како и Вардар почнува во домашното првенство од стартот, а ќе игра и во СЕХА лигата и во Лигата на Европа. Тоа ќе биде голем напор кој ќе мора да се издржи. Дали ќе може да се направи тоа коментира тренерот Жељко Бабиќ.

„Тоа е тешко прашање. Ние размислуваме и правиме стратегии, но сè паѓа во вода кога доаѓаат патувањата, повредите, а формата доживува пад поради тоа. Знам едно, а тоа е дека играчите во репрезентациите нема да имаат ниту еден слободен ден, па секој сам нека реши дали е тоа добро. Тие ќе одиграат најмалку по 70 натпревари“, коментираше Бабиќ во интервјуто за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение.

Бабиќ за 24Ракомет ТВ: Важно е да се презентираме добро во Европа – тоа носи играчи (ВИДЕО)