По Тонесен, Норвешка останува без уште еден десен бек за ЕП?

Ракометарите на Фленсбург, Ласе Сван и Магнус Род се во битка со времето за настап на Европското првенство. Сван е во подобр позиција и тој ќе биде дел од репрезентацијата на Данска, Норвежанецот Род најверојатно ќе го пропушти ЕП.

„Секој ден ситуацијата е сè подобра. Ќе се приклучам на репрезентацијата, веројатно првите два три дена нема да можам да тренирам со полн интензитет. Со третманот кој е предвиден и ако се биде како што очекуваме дека треба биде, ќе играм на Европското првенство“, изјави Сван.

Тој има проблем со рамото и повредата не е толку серозна. Ситуацијата кај Род е посериозна, тој извесен период има проблеми со колкот. За неговото опоравување треба подолго време, а Норвежанецот е свесен дека може да го пропушти првенството.

„При секој пад практично морам да излезам од игра и не можам да продолжам. Веќе размислував за тоа дека можно е да го пропуштам првенството. Нема да направам ништо спротивно на желбите на мојот клуб Фленсбург. Тие се мојот работодавач и нема да направам ништо со што не се сложуваат. Ќе разговараме и ќе видиме“, рече Магнус Род.

Род би требало да се приклучи на репрезентациајта на почетокот на јануари кога ќе има лекарски преглед по што ќе биде јасно дали ќе игра или не на првенството. Од претходно е сигурно дека првиот избор на десната бековска позиција кај Норвешка нема да игра Кент Робин Тонесен, за кого сезоната е завршена, а доколку не може да игра ниту Род, селекторот Кристијан Берге, ќе може да смета само на Харалд Рајнкинд.