„Потценување ќе биде еднакво на самоубиство“

Хрватска имаше две просечни изданија на контролните натпревари против Босна и Херцеговина и против Катар. Селекторот Лино Червар беше бесен на неговите играчи и тоа отворено го покажуваше на тајм-аутите за време на натпреварите.

„Фаворити сме на хартија и од таа улога нема да избегаме. Меѓутоа имаме голема почит кон нашите противници – Србија, Црна Гора и Белорусија, кои против нас ќе бидат многу мотивирани. Потценување ќе биде еднакво на самоубиство и затоа мора да бидеме максимално внимателни. Прво мораме да мислиме на групата во Грац, а потоа на онаа во Виена“, изјави Червар за хрватските медиуми.

Првиот натпревар на Европското првенство, Хрватска го игра против Црна Гора на 9 јануари од 20:30 часот.