После Европското, Црна Гора останува без селектор

Репрезентацијата на Црна Гора ќе биде дел и од следното Европско првенство, но после овој шампионат кој се одржува во Данска и Норвешка националниот тим останува без селектор.

Стратегот од Шведска, Пер Јохансон кој почна да работи и како тренер на Ростов Дон не планира да го продолжи договорот со Ракометната федерација на Црна Гора, па после Европското првенство „лавиците“ ќе добијат нов стратег.

Швеѓанецот дојде на селекторската позиција во ноември во 2017 година, но резултатите не беа според очекувањата. На првото големо натпреварување, Мундијалот во Германија во 2017 година Црногорките го освоија 7. место, а година подоцна на ЕП во Франција беше освоено 9. позиција.

Минатата година на шампионатот во Јапонија беше најдобриот пласман под водство на Јохансон кога Црна Гора беше на 5. позиција на Мундијалот.

Кој ќе биде новиот селектор на Црна Гора засега нема информации односно во моментов нема информации околу кандидатите за селекторското место.