Порто останува единствена екипа без победа во ЛШ, Магнусон и Муше дадоа по 10 гола!

Португалскиот првак Порто останува единствена екипа во Лигата на шапионите без победа и по седум кола.

Порто каде што брани македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски (имаше пет одбрани), загуби на гостувањето во Германија кај Магдебург со 41-36, а победата беше најавена уште по првиот дел кога беше 22-17.

Имаше домаќинот во текот на мечот и девет гола предност, но во финишот Порто се избори за пристоен пораз.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Магнусон и Муше со по десет гола, додека Итуриза беше најпрецизн кај Порто со седум погодоци.