Поранешен тренер на Вардар стана селектор на Црна Гора!

Поранешниот тренер на Вардар, Ким Расмусен, кој имаше кратка епизода во Скопје на клупата на ЖРК Вардар, е нов селектор на Црна Гора.

Данецот доаѓа на местото на Швеѓанецот Пер Јохансон, чиј договор беше раскинат на десет дена пред стартот на Европското првенство.

Расмусен во моментов е тренер на полскиот шампион Перла Лублин, но добил дозовола за истовремено да ги извршува двете функции.

Тој освои титула во Лигата на шампионите со тимот на ЧСМ Букурешт, а беше селектор на женските селекции на Полска и Унгарија.

Црна Гора е во групата A со Франција, Данска и Словенија.