Полскиот првак ќе остане без десниот бек: Криштоф Лијевски го напушта Келце?

Договорот на Криштоф Лијевски со Келце истекува на крајот на сезоната, но според зборовите на Полјакот најверојатно ќе го напушти клубот. Пред почетокот на оваа сезона тој го продолжи договорот за една сезона, но големи се шансите за премине во нова средина.

„Немам одлучено се уште дали ќе продолжам во Келце. Ќе разговарам со мојот менаџер за мојата иднина и за тоа што ќе правиме понатаму. Тој како мој претставник ќе разговара со Бертус Сервас и веројатно ќе ја имаме одлуката. Не знам дали ќе биде позитивна или негативна, но подобро е лоша одлука отколку да немаме одлука. Да почекаме, се уште трае сезоната, но ќе знам до каде сум. Во секој случај ви сакал да продолжам да играм, но доколку не продолжам секако ќе се насочам кон тренерската работа. Засега имам лиценца Б, за да водам тим од Првата лига ми треба лиценца А, но ќе продолжам да учам. Секако ќе останам во спортот“, изјави Лијевски.

Се очекува одлуката за иднината Лијевски да ја има до крајот на февруари, но сите информации велат дека неговиот договор нема да биде продолжен, а една од опциите е 36-годишниот ракометар да започне тренерска кариера во младите категории во клубот. Талант Душебаев во последно време ги форсира само Алекс Душабаев и Бранко Вујовиќ, па логична е одлуката да не се продолжи договорот со Лијевски.