Полска ослабена против Шпанија, дури тројца позитивни на Ковид

На првиот дуел од денешната програма меѓу Полска и Шпанија, „црвената фурија“ ќе има олеснета задача на патот кон место во полуфиналето бидејќи противникот има тројца позитивни на Ковид 19.

Според информациите Шимон Сичко, Мелвин Бекман и Матеуш Корнецки нема да бидат во можност да се најдат на терен. Тие имаат позитивни тестови на Ковид 19 и поради тоа ќе мораат да паузираат што значи дека за нив Европското првенство завршува денеска.

Покрај нив под прашање е и играњето на Милош Валах така што денеска Полска ќе биде без неколку важни играчи и ослабена и ова ќе биде проблем за селекторот.

Ова значи дека задачата на Шпанија станува полесна бидејќи со победа денеска Шпанците си потврдуваат место во полуфиналето, а за второто место од Групата 2 ќе се борат Норвешка и Шведска на последниот дуел денеска.

Репрезентациите на Полска и Шпанија својот натпревар од последното коло во Втората фаза го играат денеска од 15:30 часот.